ЈАЗИКОТ И ТИШИНАТА НА ЗЕМЈАТА
Јазикот толку многу сака
Да ја изрази тишината на земјата
Копнее да ја победи
Нејзината моќ.
Јазикот не ги познава
И сеуште ги нема откриено сите тајни.
Затоа длаби.
Затоа говорот му припаѓа на јазикот
Затоа тишината и останува единствено на земјата
Затоа и човекот не е збунето дете
Меѓу две тишини,
Затоа и човекот расте помеѓу љубовната игра на
Говорот на јазикот и на тишината на земјата.
Ете, затоа јазикот толку многу сака
Да ја изрази тишината на земјата,
Ете затоа,
Јазикот нека говори
А земјата нека продолжи да молчи.
С.Г.
Ерусалим, јули, 2011.
No comments:
Post a Comment